Неодамна на сцената на Македонскиот народен театар битолскиот режисер Љупчо Георгиевски започна со поставување на драмата Суд на неодамна преминатиот доајен на македонската драматургија - Коле Чашуле. Костимите се на Благој Мицевски, а сценографијата на Валентин Светозарев. Играат: Оливер Митковски, Славиша Кајевски, Гораст Цветковски, Сашко Коцев, Борче Начев. Премиерата ќе се случи во месец јануари следната година.
|