Линкови
Фејсбук МНТ

 

design by MNT
developed by VESTEL

МНТ - ТЕАТАР ЦЕНТАР, Климент Охридски ББ, 1000 Скопје, Р.Македонија
Телефон: 02/ 3164 667 contact@mnt.com.mk


23-02-2010 04:38 Останати Press
ПЕТ ПРЕМИЕРИ ВО МНТ
Од МНТ за годинава најавуваат премиери ан „Десет песни за Марија“, „Д-р Фауст“, театарска фузија на „Пеколен портокал“ и „Опера за три гроша“, „Солунс
Десет песни за Марија“, „Д-р Фауст“, театарска фузија на „Пеколен портокал“ и „Опера за три гроша“, „Солунските атентатори“ и „Зли дуси“ се петте премиери кои Македонскиот народен театар ги планира за оваа година.

Во МНТ во тек се подготовките на „Десет песни за Марија“ од Дејан Дуковски во режија на Санди Лопичиќ, проект што го истражува музичкиот театар. Претставата се реализира во копродукција со Ноекелнер опера, а премиерно ќе биде изведена во април на фестивалот „Опенап“ во Берлин.

Идниот месец ќе започнат подготовките за „Д-р Фауст“ од Гете во адаптација и режија на Срѓан Јаниќиевиќ.

- Почнувам да работам на претставата тргнувајќи од премисата колку е актуелна темата за продавање на душата заради знаење, во време кога тоа се добива лесно на Интернет - вели режисерот Јаниќиевиќ.

Режисерот Васил Христов ќе ги комбинира „Пеколен портокал“ и „Опера за три гроша“, а Синиша Ефтимов, ќе ја режира „Солунските атентатори“, која се очекува премиерно да биде изведена во октомври.

- Покрај филмското сценарио на Јован Бошковски, претставата ќе се базира и на многу документи кои откриваат непознати пикантерии врзани за атентаторите - вели Ефтимов.

Во оваа година МНТ планира да ја изведе и премиерата на „Зли дуси“ по Достоевски, во режија на Златко Славенски. Директорот на МНТ, Сашо Миленковски најави и подмладување на актерската екипа во култната претстава „Буре барут“ што во негова режија првпат е изведена во 1994 година и досега има 250 изведби.
 
 
Останати Press