|
 |
МНТ - ТЕАТАР ЦЕНТАР, Климент Охридски ББ, 1000 Скопје, Р.Македонија
Телефон: 02/ 3164 667 contact@mnt.com.mk |
|
|
|
|
|
| 08-02-2010 05:22 |
Останати Press |
 |
| |
| Премиера на Суд во МНТ |
 |
| Драмскиот текст на Коле Чашуле, иако сублимира актуелен политичко-општествен контекст, не се занимава со дневна политика |
 |
|
|
|
Драмскиот
текст на Коле Чашуле, кој премиерно ќе биде изведен
утревечер на сцената на МНТ, иако сублимира актуелен
политичко-општествен контекст, не се занимава со дневна политика, вели екипата што
работеше на претставата |
|
|
|
 |
|
Претставата
„Суд“, работена по истоимениот драмски текст на Коле Чашуле, во режија
на Љупчо Ѓорѓиевски утревечер премиерно ќе биде изведена на сцената на
Македонскиот народен театар. Во „Суд“ играат пет млади актери: Славиша
Каевски, Гораст Цветковски, Сашко Коцев, Борче Начев и Оливер
Митковски.
Режисерот Ѓорѓиевски истакна дека тој и екипата
имале ексклузивно право да се занимаваат „со најжешкиот костен во
моментов, кога актуелна тема се лустрацијата и поделбата на предавници
и патриоти“.
- Се работи за судски процес во кој се бара
убиецот на револуционер. Бидејќи убиениот е револуционер, значи другиот
е предавник, па се отвора темата на предавници и патриоти и тука
почнува нашата трилер-приказна. Ние имаме ексклузивно право да
отсонуваме еден сон на сцена - се обидуваме да го артикулираме нашето
чувство и став за таа горлива тема што нé мачи и оптоварува. Се
обидуваме да ја расплеткаме таа мрежа во која се вплеткуваме постојано
барајќи предавници и патриоти. Се трудиме да се преиспитаме што правиме
со себе. Паѓаме сé подлабоко во мрежата. Влезен е некој ѓавол во нас и
како да сакаме да се судиме без чувство дека и другиот има своја
вистина - вели Ѓорѓиевски.
Претставата не се занимава со
историска реконструкција на времето на кое се однесува текстот на
Чашуле (1903), ниту, пак, со дневната политика. Нема ригорозни
интервенции во текстот, приказната е задржана, но временски е соместена
во денешно време.
Ѓорѓиевски нагласи дека сакал да режира дело
од Чашуле зашто овој автор е битна одредница во македонската
драматургија и во театарската и општествено-политичката мисла.
Сценографијата за претставата ја изработи Валентин Светозарев, а костимите Благој Мицевски. Музиката е на Марјан Нечак.
Возбудливоста што „Суд“ на Коле Чашуле ја носи со себе е во неверојатната „агрегатна состојба“.
Чашуле
во ова свое дело не дефинира, не зазема страна, не суди, туку само ја
констатира, ја пренесува реалната констелација на сите небесни тела
(особено црните дупки) од нашата хаотична историска вселена.
|
|
| |
|
 |
| Останати Press |
|
|
|
 |
|
| |
| |
|