|
 |
МНТ - ТЕАТАР ЦЕНТАР, Климент Охридски ББ, 1000 Скопје, Р.Македонија
Телефон: 02/ 3164 667 contact@mnt.com.mk |
|
|
|
|
|
| 08-02-2010 03:59 |
Останати Press |
 |
| |
| Претставата „Суд“ на МНТ премиернo |
 |
| Режисерот Ѓорѓиевски рече дека тој и екипата имале ексклузивно право да се занимаваат со најжешкиот костен во моментов |
 |
Претставата „Суд“, направена по истоимениот текст на Коле Чашуле, а
во режија на Љупчо Ѓорѓиевски в петок премиерно ќе биде изведена на
сцената во Македонскиот народен театар. Во екипата на оваа претстава
има пет млади актери, и тоа: Славиша Каевски, Гораст Цветковски, Сашко
Коцев, Борче Начев и Оливер Митковски.
Режисерот Ѓорѓиевски на
прес-конференција рече дека тој и екипата имале ексклузивно право да се
занимаваат „со најжешкиот костен во моментов, актуелната тема за
лустрацијата и поделбата на предавници и патриоти“.
„Станува
збор за судски процес со кој се бара убиецот на револуционер. Сето ова,
кога убиениот е револуционер веднаш наведува на заклучок дека убиецот е
предавник, па така се отвора темата за предавници и патриоти и тука
почнува нашата приказна, направена како трилер. Ние имаме ексклузивно
право да отсонуваме еден сон на сцена. Нашиот обид е да го артикулираме
нашето чувство и став за таа горлива тема што не мачи и оптоварува, да
ја расплеткаме таа мрежа во која се вплеткуваме постојано барајќи
предавници и патриоти. Се трудиме да се преиспитаме што правиме со
себе. Паѓаме се подлабоко во мрежата. Влезен е некој ѓавол во нас и
сакаме да се судиме без чувство дека и другиот има своја вистина“, рече
Ѓорѓивески.
Тој напомна дека претставата не се занимава со
историска реконструкција на времето на кое се однесува текстот на
Чашуле (1903), ниту, пак, со дневната политика. Ѓорѓиевски рече дека не
направил ригорозни интервенции во текстот, дека приказната е задржана,
но временски ја поместил до денес. Тој нагласи дека сакал да режира
дело од Чашуле затоа што тој автор, како што рече, е битна одредница во
македонската драматургија и во театарската и општествено-политичката
мисла.
Сценографијата за претставата ја изработи Валентин
Светозарев, костимите се на Благој Мицевски, а музиката на Марјан
Нечак. (К.Р.) |
 |
| Останати Press |
|
|
|
 |
|
| |
| |
|