Линкови
Фејсбук МНТ

 

design by MNT
developed by VESTEL

МНТ - ТЕАТАР ЦЕНТАР, Климент Охридски ББ, 1000 Скопје, Р.Македонија
Телефон: 02/ 3164 667 contact@mnt.com.mk


02-10-2009 01:55 Останати Press
„Госпоѓа министерка“ ги отвори Денови на
На фестивалот, кој ќе се одржува до 18 овој месец, ќе бидат претставени 13 комедии

„Госпоѓа министерка“ ги отвори Денови на комедијата


Со комедијата „Госпоѓа министерка“ од Бранислав Нушиќ, во изведба на актерскиот ансамбл на Македонскиот народен театар од Скопје, синоќа почна меѓународниот фестивал на театарскиот фестивал Денови на комедијата.

На фестивалот, кој ќе се одржува до 18 овој месец, ќе бидат претставени 13 комедии, од кои две од Република Бугарија, по една од Хрватска, Босна и Херцеговина и од Австрија и осум претстави од нашата земја.

Вечерва ќе настапи Драмскиот театар од Скопје со претставата „Кинегонда во Карлаленд“ од Венко Андоновски, во режија и сценографија на Сашо Миленковски. В понеделник изведба ќе има познатиот актер од поранешните југословенски простори Зијах Соколовиќ, кој живее и работи во Австрија, по втор пат на оваа манифестација со „Навидум ме донел штрк“. До крајот на фестивалот ќе настапат прилепскиот театар „Марко Цепенков“ со претставата „Јане Задрогаз“ од Горан Стефановски, во режија на Коле Ангеловски, театарот од Вараждин со „Го сакам Њофра“ од Милан Гргиќ, во режија на Стојан Матавуљ, велешкиот театар „Ј.Х.К. Џинот“ со комедијата „Мушичка“ од Анџело Беолко-Руцанте, во режија на Никола Ристов. Потоа гостува театарот од Приедор, Босна и Херцеговина, со комедијата „Лесно парче“ од Небојша Ромчевиќ, во режија на Раденко Билбија. Драмскиот театар „Рачо Стојанов“ од Габрово, Бугарија, на сцената на кумановскиот театар ќе се претстави со „Стефан-единаесет песни за љубовта“ од Ана Петрова, а истата вечер во салата на Центарот за култура ќе биде одиграна претставата „Комплетното дело на Вилијам Шекспир, лесно скратено“, во режија на Сулејман Рушити, на албански јазик, од Театарска компанија „Супкулт“ од Скопје.

Последните денови од фестивалот ќе ги одбележат настапите на Драмскиот театар од Габрово, Бугарија, со комедијата „Љубовен квадрат“ од Карине Ходикјан во режија на Хакоб Газанчијан, штипскиот театар и комедијата „Што виде батлерот“ од Џо Ортон, во режија на Саша Евтимова и битолскиот театар со комедијата „Тестостерон“ од Анджеј Сараманович, во режија на Ненад Витанов. Оваа ревијална театарска манифестација во Куманово ќе биде завршена со претставата на театарот од градот-домаќин, „Парампарче“, од Јасмина Реза, во режија на Александра Кардалевска.

Оваа година на репертоарот има најголем број претстави досега, а сите претстави започнуваат во 20 часот. (С.А.Ј.)


#
Останати Press