Линкови
Фејсбук МНТ

 

design by MNT
developed by VESTEL

МНТ - ТЕАТАР ЦЕНТАР, Климент Охридски ББ, 1000 Скопје, Р.Македонија
Телефон: 02/ 3164 667 contact@mnt.com.mk


26-07-2009 13:25 Останати Press
Троил и Кресида во Куршумли Ан
На­мес­то це­лод­не­вен па­на­ѓур, пет ча­са ап­со­лу­тен те­а­тар

ПРЕ­МИ­Е­РА­ТА НА "ТРО­ИЛ И КРЕ­СИ­ДА" НАЈ­ПОС­ЛЕ ВО КУР­ШУМ­ЛИ АН ВО СКОП­ЈЕ

На­мес­то це­лод­не­вен па­на­ѓур, пет ча­са ап­со­лу­тен те­а­тар

По не­кол­ку­те про­ме­ни на тер­ми­ни­те и ло­ка­ци­и­те, де­фи­ни­тив­но, пре­ми­е­ра­та на ме­га про­ек­тот "Тро­ил и Кре­си­да" на Љу­би­ша Рис­тиќ и на МНТ ќе би­де во втор­ник во Кур­шум­ли ан ка­ко пер­фор­манс во че­ти­ри де­ла кој ќе трае пет ча­са

Пре­ми­е­ра­та на ме­га про­ек­тот на Ма­ке­дон­ски­от на­ро­ден те­а­тар "Тро­ил и Кре­си­да" во ре­жи­ја на срп­ски­от ре­жи­сер Љу­би­ша Рис­тиќ, по не­кол­ку­те про­ме­ни на тер­ми­ни­те и ло­ка­ци­и­те, де­фи­ни­тив­но, ќе би­де во втор­ник во Кур­шум­ли ан. Ка­ко пар­тнер во не­го се­га се вклу­чи Скоп­ско ле­то во чии рам­ки и ќе би­де из­ве­ден. По­ра­ди проб­ле­ми­те око­лу фи­нан­си­и­те на овој ина­ку мош­не скап про­ект, кој пок­рај бу­џет­ски­те па­ри (32 ил­ја­ди ев­ра), се пот­пи­ра­ше и на биз­нис сек­то­рот и на ло­кал­на­та са­мо­уп­ра­ва, ка­ко што не­кол­ку­па­ти по­тен­ци­ра­ше ди­рек­то­рот на МНТ Са­шо Ми­лен­ков­ски, и пр­вич­ни­от кон­цепт за це­лод­не­вен па­на­ѓур на плош­та­ди­те од гра­до­ви­те, се­га е ви­до­из­ме­нет.
Про­ек­тот се­га фи­ни­ши­ра ка­ко пер­фор­манс од че­ти­ри де­ла, кој вкуп­но ќе трае око­лу пет ча­са. Се ра­бо­ти всуш­ност за че­ти­ри прет­ста­ви во ед­на ве­чер во ко­ја нас­та­пу­ва еки­па од 80 ак­те­ри, а и на­та­му, ка­ко што бе­ше и од по­че­ток за­мис­ле­но, во не­го ќе има и опе­ра и ба­лет и дра­ма и ро­кен­рол и џез и ет­но­му­зи­ка. Стол­бот на це­ла­та прет­ста­ва се Шек­спи­ро­ва­та "Тро­ил и Кре­си­да" и Хо­ме­ро­ва­та "Или­ја­да", а те­ми­те се љу­бов­та, пре­љу­ба­та, ом­ра­за­та и кон­ти­ну­и­ра­но­то "ури­ва­ње на гра­до­ви­те во оваа на­ша Ев­ро­па", ка­ко што ве­ли Рис­тиќ.
Спо­ред збо­ро­ви­те на Ми­лен­ков­ски, од­ло­же­ни­те прет­ста­ви на Ох­рид­ско ле­то и во При­леп, ќе се оби­дат да ги ре­а­ли­зи­ра­ат во не­кое по­доб­ро вре­ме, но тоа се­пак нај­мно­гу за­ви­си од вклу­чу­ва­ње­то на биз­нис сек­то­рот и ло­кал­на­та са­мо­уп­ра­ва, што оди мно­гу теш­ко "со ог­лед на крај­на­та ис­по­ли­ти­зи­ра­ност во Ма­ке­до­ни­ја", ре­че на вче­раш­ни­от прес, ме­ѓу дру­го­то, Ми­лен­ков­ски.
Кос­ти­ми­те за про­ек­тот ги нап­ра­ви Ме­ри Јо­ва­нов­ска, сце­ног­раф е Ва­лен­тин Све­то­за­рев, му­зич­ки со­ра­бот­ник е Га­бор Лен­ѓел, а Гор­да­на Де­ан Поп-Хрис­то­ва е ко­ре­ог­раф. Во пле­ја­да­та ак­те­ри од си­те ге­нар­ции, ме­ѓу кои и сту­ден­ти од Ака­де­ми­ја­та, на овој нај­го­лем ак­тер­ски со­бир во ма­ке­дон­ски­от те­а­тар ко­га би­ло, ед­ни од глав­ни­те уло­ги ги тол­ку­ва­ат: Бор­че На­чев, Ни­ко­ли­на Ку­ја­ча, Бил­ја­на Бе­ли­ча­нец, Је­ле­на Јо­ва­нов, Ни­ко­ла Рис­та­нов­ски, Вла­до Јо­ва­нов­ски, Јор­дан Си­мо­нов, Игор Ан­ге­лов...
Вто­ра­та пре­ми­е­ра на "Тро­ил и Кре­си­да" е во чет­вр­ток на 30 јули во Би­то­ла пред Завод, Музеј и Галерија - Битола. (Д.С.)
Вест 25 јули 2009
Останати Press