|
 |
МНТ - ТЕАТАР ЦЕНТАР, Климент Охридски ББ, 1000 Скопје, Р.Македонија
Телефон: 02/ 3164 667 contact@mnt.com.mk |
|
|
|
|
|
| 13-05-2009 06:37 |
Останати Press |
 |
| |
| Никола Ристановски како Зевс |
 |
| Познатиот српски режисер Љубиша Ристиќ ја подготвува претставата „Троил и Кресида“ |
 |
ВО НОВИОТ ПРОЕКТ НА МНТ, ВО РЕЖИЈА НА ЉУБИША РИСТИЌ
Никола Ристановски како Зевс на македонските плоштади
Познатиот
српски режисер Љубиша Ристиќ ја подготвува претставата „Троил и
Кресида“ од Вилијам Шекспир во МНТ. Проектот се најавува како спектакл
со големи размери, кој ќе се игра на плоштадите во повеќе македонски
градови. Претставата е замислена така да се изведува на отворено, од
утро до полноќ. Во неа ќе учествуваат актери и жонглери, а за нејзините
потреби ќе биде конструиран тројански коњ. За овој проект се ангажирани
актери од МНТ, од Драмски театар, од ФДУ и од уште неколку македонски
театри. Екипата се уште не ги открива имињата на носителите на главните
улоги. Познато е само дека ликовите на Агамемнон и на Зевс ќе ги игра
Никола Ристановски. Режисерот Ристиќ вели дека освен со текстот на
Шекспир, за претставата користел и делови од Хомеровата „Илијада“. -
Наша тема е европската војна, која непрекинато трае 3.000 години. Во
претставата се гради и се разорува цел град. Во неа ќе има балет,
куклен театар, опера, кабаре, циркус, ќе има низа случувања, чијашто
јукстапозиција дава нови значења. Ќе се продаваат дури и статуетки од
Александар - се шегува режисерот Ристиќ, нагласувајќи дека претставата
реферира на актуелните состојби во Македонија. Премиерата на
претставата се планира кон средината на јули, а, најверојатно, прво ќе
биде изведена во Битола. Скопската публика, пак, ќе може да ја види во
текот на септември. - Се ќе зависи од тоа дали градовите и фестивалите
ќе ја поканат претставата во која се ангажирани 120 луѓе, од кои 80
актери, бидејќи десет нејзини изведби ќе чинат околу 100.000 евра -
вели Миленковски. Љубиша Ристиќ, кој е еден од најзначајните театарски
уметници од регионот и е во врвот на европскиот театар, вели дека во
Западна Европа вакви проекти не се прават зашто се скапи или ги прават
земјите што можат да си дозволат 20 милиони евра. - Ние можеме да го
направиме тоа зашто ние чиниме малку. Се уште можеме да работиме за
безначајни хонорари, како сиромашни што се радуваат. Тоа, можеби, веќе
ќе го нема кога еден ден ќе станеме дел од Европската унија. Тоа е
формулата по која се прави ваков спектакл - истакна Ристиќ. За
македонските актери тој цени дека се најталентираните на поранешните
југословенски простори нагласувајќи дека таквиот заклучок го искажал
уште пред 20 години. Во македонските театри, вели тој, го импресионира
широката лепеза на теми и слободниот пристап на нивна обработка. Во МНТ
се многу задоволни што имаат можност да соработуваат со режисер од
голем калибар. - Ристиќ беше единствениот кому му успеа да ги обедини
културните простори на поранешните југословенски републики. Присуството
на Ристиќ кај нас е значајно за сите, особено за актерите што од оваа
соработка ќе излезат помудри и поотворени - вели Миленковски. Автор на
сценографијата за „Троил и Кресида“ е Валентин Светозарев. Тихомир
Спировски, Мери Јован и Александра Митковска се задолжени за костимите,
а музиката ја работат Ѓорѓи Шаревски, Симон Киселички и младите
белградски пијанистки Невена и Бојана Рачиќ.
А.Б.
|
 |
| Останати Press |
|
|
|
 |
|
| |
| |
|