Линкови
Фејсбук МНТ

 

design by MNT
developed by VESTEL

МНТ - ТЕАТАР ЦЕНТАР, Климент Охридски ББ, 1000 Скопје, Р.Македонија
Телефон: 02/ 3164 667 contact@mnt.com.mk


31-03-2009 09:17 Останати Press
Наградата Амфи за актерот Микиќ
Овој актер кој изминатата година одиграл 147 претстави на сцената на МНТ

ЗА НАЈПРОДУКТИВНИОТ ВО МНТ


Наградата Амфи за актерот Микиќ


Овој актер кој изминатата година одиграл 147 претстави на сцената на МНТ наградата ќе ја добие на 21 март, на Гала вечер, што од сега па натаму традиционално ќе се доделува на 21 март во чест на роденденот на бардот на нашето глумиште Ристо Шишков


Актерот Александар Микиќ е добитник на наградата Амфи, што од годинава традиционално ќе се доделува на најпродуктивниот актер во една година на сцената на МНТ. Микиќ во изминатата 2008 година бил професионално најприсутен на сцената на МНТ, со 147 одиграни претстави во девет пиеси. "Со овој потег сакаме да воведеме нов однос спрема актерот. Оваа награда ќе значи одбележување на квантитативен успех кој неминовно продуцира и квалитет", изјави на вчерашната прес-конференција директорот на МНТ, Сашо Миленковски.

Свеченоста на која ќе му биде врачена наградата ќе се одржи в сабота (20 ч.), преку Гала вечер на сцената на МНТ. Манифестацијата е замислена неконвенционално или како "интерна забава на пријателите на театарот", обмислена од сценаристите Синиша Ефтимов и Бојан Трифуновски и режисерот Васил Христов.
- Планот е да се занимаваме со "ликот и делото" на Микиќ, но на крајно непротоколарен начин, лишен од здодевни говори, додаде Ефтимов, а Трифуновски ќе забележи дека "Микиќ е и буквално и во секое време во МНТ и секогаш е тука кога ви треба. Затоа ред е да му се каже фала", преку наградата која чини 60.000 денари. Инаку, 21 март од сега па натаму ќе биде денот кога ќе се доделува оваа интерна награда, а датумот е одбран по роденденот на бардот на нашето глумиште Ристо Шишков, во чија чест утрото, в сабота (11 ч.), во холот на МНТ ќе биде поставена фотоизложба од неговиот животопис.

(Б.Г.)
ФОТО: Ѓ. ЛИЧОВСКИ
Останати Press