Основно училиште и средно
економско-правно образование (С.У. „Борис Ќидрич„) има завршено во Скопје.
По завршувњето на средното
образование се запишава на Националната Академија за Театар и Филм „Крсто
Сарафов„ во Софија – Република Бугарија каде што студира Театарска и Филмска режија. Факултетот го завршува
во август 1994 година со диплмоската претстава „НОРА„ од Ибзен и со филмот
„Воскресение„
Во учебната 99/2000 година се
запишава на Факултетот за драмски уметности, на постдипломски студии по
театрологија. Во моментов го работи магистерскот труд „Македонска Режија –
историја, теорија, естетика, поетика„
Во 1991 година го формира Театарот „Боеми„ каде што до денес има продуцирано и режирано 20 театарски претстави.
Во 1993 година го иницира формирањето и до денес е Претседател на Театарска
Младина на Македонија – водечка театарски организации во земјата,
членка и македонски центар на меѓународните организации за аматерски театар,
едукација преку драма, театарски критичари, театар за деца и млади, театар при
универзитет, слободни театарски иницијативи и друго. Раководел со три театарски
кампањи на национално ново;
Основач е и главен и одговорен
уредник на Списанието „ТЕАТАР„ и порталот www.teatar.com.mk
Претседател е на Македонскиот Центар за Култура и Развој –
културолошка организација од земјата која се занимава со проекти поврзани со
развојот на македонската култура и нејзиното претставување во светот. Во 1999
година бев на студиски престој во Њујорк – САД.
Раководител е на долгорочниот проект СКОПЈЕ-МЕТРОПОЛА – за
создавање на нова културна политика за градот и општините;
Претседател е на Советот на Република Македонија за
социјалната димензија на спортот без насилство, национализам и расизам.
Има учествувано на повеќе од 80 меѓународни конгреси,
конференции, фестивали и настани поврзани со театарот, културата,
евроинтеграциите и меѓународната културан соработка и спортот, во земјата и
светот.
Како резултат на политичкиот ангажман ги
вршел функциите: Заменик градоначалник на Општина „Ѓорче Петров„ , Советник во
општина „Ѓорче Петров„ , Советник во Советот на Град Скопје и Претседател на
Комисијата за култура на Град Скопје. Во моментов е претседател на Надзорниот
Одбор на јавното претпријатие „Службен Весник на РМ„
Од Ноември 2006
година е вработен како Режисер и Секретар за меѓународна соработка во Македонскиот
Народен Театар. Основач е и Претседател на
WORLD THEATRE.
Објавува поезија, драми, есеи и други текстови поврзани
со театарот, уметностаи културното и
општественото живеење во земјата и светот.